Стив Мекари стана познат по своите документарни фотографии, а можеби е најпознат по портретот на Авганистанската девојка со продорно зелени очи од 1985 година.
Меѓутоа, градејќи кариера со фотографии од војните, влијателниот американски фотограф сега ја прикажува и својата друга љубов – животните.
Низ новата колекција на фотографии, Мекари го прикажува сложениот однос, неверојатната љубов и поврзаноста помеѓу луѓето и животните. Овие фотографии се обединети во книгата со едноставен наслов: “Steve McCurry: Animals” во која се објавени најдрагите фотографии на познатиот Американец, од мачките во Мјанмар до камилите од Јордан.
“Животните се еден од моите најдраги субјекти за фотографирање. Тие во целост се непредвидливи. Постојано се во движење, имаат сопствен ум и ретко им обрнуваат било какво внимание на фотографите. Разбирањето на нивното однесување е клучно за да направите добра фотографија од животни, како што и разбирањето на човековото однесување може да помогне во текот на фотографирање на портрет”, истакнува Стив.
Идејата за фотографирање на животни и луѓе била во неговите мисли уште откако започнал да работи како млад фотограф, а вели дека првата книга со фотографии, која ја добил од својата сестра, всушност била колекција на фотографии од кучиња и нивните сопственици.
Фотографиите во новата книга го опфаќаат неговото визуелно патување низ Азија, Јужна и Северна Америка и Европа.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден