На само неколку часа возење од Париз, ќе влезете во магичниот свет на прекрасни пејсажи, природа и интересна историја.
Мон Сен Мишел е остров, замка и опатија во едно. Манастирот со површина од 55.000 квадратни метри го направил ова место светски позната дестинација која се наоѓа под заштита на УНЕСКО поради културното, историско и архитеконско значење и природната убавина.
https://www.instagram.com/p/B3pmMkrJDK6/?utm_source=ig_embed
Необичниот остров им припаѓа на Французите, а се наоѓа во каналот Ламанш во близина на градот Авранш во Нормандија. Во близина се наоѓа и границата со Бретања, а токму тие напади од соседството му нанеле најголема штета на Мон Сен Мишел во борба за превласт во текот на вековите.
Местото освен по убавината, е познато и по очигледната разлика помеѓу плимата и осеката, па може да се случи кога ќе пристигнете на островот тој да е опкружен со вода, а кога ќе се враќате околу вас да се наоѓа само мокар песок
https://www.instagram.com/p/B4f4GqzqEUM/?utm_source=ig_embed
Французите се премногу горди на Мон Сен Мишел бидејќи успеал да му одолее на времето уште од 708-та година, но и на Англичаните кои за време на војните успеале да уништат бројни ѕидини.
Иако населбата е изградена во 708-та година, познатиот манастир настанал 5 векови подоцна, а прошло уште многу време откако бил направен насип кој овозможил и доаѓање по копнен пат. Тоа е направено бидејќи Мон Сен Мишел станало важно место за аџиите од Бенедиктскиот ред.
https://www.instagram.com/p/B4gDIBlgdaB/?utm_source=ig_embed
Во Мон Сен Мишел живеат помалку од 55 жители, а годишно го посетуваат повеќе од 3 милиони луѓе. Колку е тој магичен, зборува и фактот дека служел како инспирација за градот-тврдина Минас Тирит во филмот “Lord of the Rings”, а исто така на ова место биле снимани и делови од филмовите “The Three Musketeers” и “The Man in the Iron Mask”.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден