Едно од прашањата кои го мачат човештвото е дали постои живот после смртта? И додека научниците се обидуваат да ја утврдат вистината за тоа и што се случува со душата по смртта, има сè повеќе луѓе кои искусиле клиничка смрт и кои тогаш доживеале нешто необично.
Некои од тие приказни објавени се на социјалната мрежа “Redit“ и секако дека ќе нè натераат да се замислиме малку на прашањето дали пости живот после смртта.
Семеен собир
Корисник на “Redit“ со име Schneidah7 раскажал дека доживеал несреќа додека возел мотор.
Пренесен бил во болница каде што било утврдено дека е клинички мртов. Раскажал дека пред да биде однесен во болница имал визија за тоа како го посетуваат блиските роднини.
„Се сеќавам дека бев на тротоар, а потоа сè стана тивко и мирно. Единствената причина зошто не заспав беше тоа што слушнав како некој вика: „Стани, ајде човеку, стани!“. Тогаш почувствував дека некој ме удира по кацигата. Кога ги отворив очите го видов мојот брат како седи на тротоарот покрај мене. Тоа беше чудо затоа што мојот брат почина од предозирање пред неколку години. Единствено што се сеќавам е што тој гледаше на часовникот и рече: „Ќе бидат тука за кратко“, а потоа замина“ – напишало ова момче.
Вечен сон
Личност со корисничко име altburger69 имала блиска средба со смртта.
„Имав срцеев удар минатата година и срцето трипати ми застана во болницата. Секојпат кога со електрошокови ме враќаа во живот имав чувство како да се будам. Не видов никаква светлина или нешто слично, едноставно имав чувство како да спијам“ – напишал тој.
Црна дупка
Monitormonkey опишал дека кога бил клинички мртов неколку минути изгубил многу крв во текот на операцијата.
„Се разбудив во нешто кое излгедаше како вселена, но немаше ѕвезди ниту светлина. Не лебдев, да се изразам така, само постоев. Не ми беше ниту топло ниту ладно, не бев ниту гладен ниту изморен, сè беше некако мирно и неутрално. Знаев дека некаде во близина има љубов и светлина, но не брзав ниту пак имав потреба веднаш да се упатам кон нив. Се сеќавам дека размислував за својот живот, но тоа не беше како монтажа во филмовите. Повеќе беше како мрзеливо да прелистуваш некоја книга, а некои делови се издвојуваа. Што и да беше ми го промени мислењето за неколку работи. И понатаму се плашам да умрам, но не се грижам за тоа што ќе се случи после тоа. Како да бев вовлечен во црна дупка“ – напишал тој.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден