во ,

Абе, магаре, кое е најсилното животно во џунглава?

Тргнал тигарот да се шета во џунглата и видел некое магаре, почнал да кружи околу него, па го прашал:

– Абе, магаре, кое е најсилното животно во џунглава? – Магарето цело потресено му одговорило:

– Па, ти си тигре, нормално.

Продолжил тигарот понатаму, па видел елен. Се приближил до него и му го поставил истото прашање. Еленот пребледнел кога го видел, ама собрал сили па одговорил:

– Тигре, нема посилен од тебе! Тигарот полн со самодоверба, оди понатаму, се доближува до еден слон и го прашува:

– Еј, слону. Кое е најмоќното животно во џунглава, а?

Слонот го фатил тигарот со сурлата околу вратот, го кренал и гп треснал два пати од земја, го свиткал како топка и го акнал од дрво. Се соземал тигарот, па зашеметен искоментирал:

– Добро бе слону, ако не го знаеш одговорот, не се нервирај толку.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Извинете госпожа, гледам читате…. Нешто занимливо?

16 Луѓе кои имаа среќа да добијат вистински подарок од природата