Драма во Србија! Двегодишното девојче Дуња Марковиќ исчезна денеска околу 14 часот во Уб. Полицијата веднаш го активираше системот „Пронајди ме“ и започна ИТЕНА потрага по малата Дуња.
Системот „Пронајди ме“ – апел до граѓаните за помош
„На 03.03.2025 година околу 14:00 часот во Уб исчезна девојче на возраст од 2 години. Повеќе информации на pronađime.mup.gov.rs. Сите информации пријавете ги на 192“, се наведува во СМС пораката која беше испратена до сите граѓани на Србија. Се апелира до сите граѓани кои имаат какви било информации за исчезнатото девојче ВЕДНАШ да се јават во полиција.
Опис на девојчето – кафеава коса, кафени очи, сива тренерка
Исчезнатото девојче Дуња Марковиќ има кафеава коса, кафени очи и е високо околу еден метар. Во моментот на исчезнувањето носела сива тренерка и сив дуксер. Како место на исчезнување е наведена улицата „8 Март“ во Уб.
Мајката го забележала исчезнувањето по враќање од работа
Според „Телеграф“, во моментот на исчезнувањето Дуња била со своите постари браќа, момчиња кои одат во прво и второ одделение. Нејзиното исчезнување го забележала мајката кога се вратила од работа околу 17 часот. Потрагата по малата Дуња е во тек, а целата јавност е мобилизирана да помогне во нејзиното пронаоѓање.