во

Археолози во Франција пронајдоа 200 години стара порака во шише

Додека внимателно истражуваа остатоци од древно галско село на карпите близу градот Диеп, француските археолози налетаа на неверојатно откритие – земјен сад кој криеше мало стаклено шише.

„Изгледа како шишенце што жените порано ги носеле околу вратот за да чуваат миризливи соли“, објаснува Гијом Блондел, кој го предводи тимот на археолози финансирани од Европската унија.

Во шишето се наоѓала порака, внимателно завиткана и прицврстена со коноп. Кога Блондел го отворил парчето хартија, на него пишувало:

„П. Ж. Фере, роден во Диеп, член на различни интелектуални друштва, го предводеше ископувањата на ова место во јануари 1825 година. Го продолжува истражувањето на оваа област, позната како Град Лим или Цезаровиот камп.“

Фере бил добро познат во локалната заедница, а архивите потврдуваат дека започнал археолошки истражувања на ова место пред точно два века.

„Ова беше магичен момент“, вели Блондел. „Знаевме дека овде се вршеле ископувања, но да пронајдеме порака стара 200 години… тоа беше целосно изненадување.“

Иако се редок случај, вакви археолошки „капсули“ се понекогаш наоѓаат, обично оставени од занаетчии додека граделе куќи. Но, многу ретко се наидува на пораки оставени од самите археолози.

Истражувањето било итно наредено поради ерозијата на карпите, кои веќе уништиле дел од поранешното утврдено село, познато како опидиум. Досега, од почетокот на ископувањата минатата недела, се откриени бројни галски артефакти, најмногу грнчарски предмети стари повеќе од 2.000 години.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЕВЕ КАКВА ЗИМА НÈ ОЧЕКУВА: Ладни температури и снежни бури како никогаш досега!

(Видео) Џенифер Лопез и Бен Афлек заедно и среде развод: Што се случува?