во , ,

Вака од воздух изгледа огромниот кратер кој се отворил на паркингот на болницата во Неапол

Колапсот се случил во раните утрински часови, а веднаш била евакуирана и болницата во близина.

На паркингот во близина на ковид-центарот во Неапол утрово при звук на експлозија се отворил голем кратер во земјата, длабок 20-тина метри.

Според првите информации нема повредени, но фотографиите од воздух покажуваат дека дупката проголтала се што и се нашло на патот.

Во дупката се урнале тони земја, асфалт, камења и неколку автомобили кои биле таму паркирани.

Причината за пропаѓањето не е позната, а истрагата е во тек, иако италијанските новински агенции нагласуваат дека во Неапол овие денови имало големи дождови.

Колапсот се случил во раните утрински часови, а веднаш била евакуирана и болницата во близина.

Иако нема повредени, бројни автомобили завршиле во дупката, па спасувачите со кучиња трагачи проверуваат дали некој останал заробен.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Белгиски оператор случајно ги откри цените на новите Galaxy S21 телефони…

Телото на кралот на комедијата било украдено од гроб, крадците од вдовицата барале огромен откуп – а, добиле урнебесен одговор…