во ,

Видеото од бездомникот кој ги „понижи“ антиваксерите стана вистински хит на социјалните мрежи

Бездомник од Лос Анџелес станал вистинска ѕвезда на социјалната мрежа Твитер откако само со пет зборови ја „демантирал“ говорничката на протестот на антиваксерите.

На видеото се гледа како група демонстранти кои се против вакцините шета на Булеварот Холивуд во Лос Анџелес носејќи американски знамиња, транспаренти и изговарајќи разни пароли.

Уникатни Маици

„Дали ги гледате овие бездомници наоколу. Дали починале од Ковид-19? Секако дека не! Зошто?“, прашала предводничката на протестот.

Следел одговор од еден бездомник кој туркал количка за пазарување:

„Затоа што сум вакциниран, глупачо“.

По непријатната кратка пауза, говорничката продолжила со својот говор правејќи се дека не го слушнала одговорот од бездомникот: „Зарем никој не се прашува? Разбудете се!“.

На социјалните мрежи одговорот на бездомникот наишол на многу реакции, а снимката е прегледана повеќе од 4 милиони пати.

Погледнете го видеото:

Сподели:
Пролетен Попуст

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

600

Се враќа мажот од службен пат и носи голем поклон за сопругата….

Причини поради кои Шведска е меѓу 10-те најсреќни земји на светот