во ,

Гледајте што е проблемот! Радиото не работи! Сите копчиња ги пробав…

Си купува еден наш бизнисмен ново BMW 11-та серија. Сѐ е автоматизирано и перфектно, но наредниот ден се враќа во салонот да се жали:

– Гледајте што е проблемот! Радиото не работи! Сите копчиња ги пробав и никако да се пушти.

– Господине, радиото е целосно автоматско. Само кажете со повисок тон што сакате да слушате и тоа ќе почне…

– Цеца!

И радиото пушта станица со песна од Цеца.

– Ајде! Браво! Лепа Брена!

Радиото менува станица и наоѓа песна од Лепа брена.

Си тргнува бизнисменот накај дома и уште на првиот семафор двајца моторџии му го сечат патот. Бизнисменот изнервиран вика:

– Пе*ерииии!!!

Радиото менува станица и пушта пренос од седница на македонското собрание.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Не требело прво сокот и кафето, прво требеше да се погрижиш за куќата…

Тој тивко ја отвори вратата од спалната соба, на прсти отиде до креветот…