во

„Говорат дека живеам од Новаковата слава и пари“ – Еве што поседува Ѓорѓе Ѓоковиќ! Со бизниси во странство, но тоа не е сѐ!

„Имам неколку компании во странство, во различни индустрии, на кои сум горд,“ открива најмладиот брат на славниот тенисер Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе Ѓоковиќ.

Ѓорѓе, помладиот брат на најдобриот тенисер на сите времиња, кој заедно со својата сопруга донираше 3.000 евра за настраданите во Босна и Херцеговина, отсекогаш сонувал да постигне успех на свој начин. Иако јавноста најчесто го знае како брат на Новак, тој се обидува да се издвои и гради своја кариера.

„Од мал сакав да бидам свој човек, да работам напорно и да заработам секој денар сам. Често слушам како зборуваат дека живеам од славата и парите на брат ми, и дека тоа е моето единствено занимање, но не обрнувам внимание на такви коментари. Секој има право на свое мислење. Најважно е да се издигнам над тоа,“ изјави Ѓорѓе, кој пред да стане директор на тенискиот турнир „Serbia Open“, јавноста го препознаваше како „братот на Новак“.

Но, Ѓорѓе појаснува дека „Serbia Open“ не е неговата главна работа. „Турнирот е вистинско задоволство во кое уживам веќе неколку години. Тоа е прекрасен настан што ја претставува нашата земја и нашиот народ на најубав можен начин, привлекувајќи голем број луѓе во Белград. Горди сме на успехот што го постигнавме со овој турнир, и се надевам дека ќе продолжиме да обезбедуваме лиценца за сите љубители на тенисот да гледаат светски врвен тенис во нашиот главен град.“

Покрај тенисот, Ѓорѓе е исто така голем љубител на кошарката и работи на голем проект поврзан со овој спорт, за кој наскоро ќе може да открие повеќе детали.

„Во краток период успеав да изградиме интернационална кариера, да се наметнам како лидер во големи корпорации и да започнам свои бизнис-проекти. Целиот мој професионален пат, од влегувањето во финансиската индустрија до големите проекти и успеси, е скоро како филмска приказна. Со задоволство ќе зборувам за тоа еден ден,“ вели Ѓорѓе Ѓоковиќ, гордо истакнувајќи ги своите деловни успеси.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тарик Филиповиќ со емотивна песна го прослави роденденот на сопругата Лејла: „Одамна ѝ ветив“

Излезе на улица без долна облека: Има 39 години и не престанува да провоцира, погледнете ја српската старлета