По смртта, пронаоѓачот на познатите автомобили – Фердинанд Порше стигнал во рајот. Таму го дочекал Свети Петар со зборовите:
„Господине Порше, заради вашите заслуги во креирањето на познатиот автомобил како и придонесот во автомобилската индустрија, можете да посакате што сакате и јас ќе ви го исполнам истото“.
Порше малку се замислил па рекол: „Дозволете ми малку да поразговарам со Бога“. Свети Петар се согласил и го одвел во божјите простории.
Порше го запрашал Бога: „Драги Боже, да ве прашам нешто за вашата креација „жена“…со што сте биле зафатени додека сте ја создавале?!„
„Како тоа мислиш?“ – запрашал Бог.
Порше: „Знаете, вашата креација е полна со грешки. Погледнете ги моите забелешки:
– Предната страна не е аеродинамична
– Прави премногу бука
– Одржувањето е прескапо
– Пет до шест дена во месецот е потполно неупотреблива
– Задната страна и виси премногу
– Константно мора да се префарбува и доработува
– Предните лампи се премали
– Потрошувачката за гориво е преголема“
Бог се замислил на сето ова, па му рекол: „Господине Порше, можеби ова што го велите е вистина, но, статистички гледано, многу повеќе мажи го возат мојот изум од вашиот!“
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден