Времеплов
1. В уста му се пули – внимателно следи што ќе каже.
2. Вади костен од жар – решава некоја тешка задача, заплеткана не по негова вина.
3. Вака ми сече умот – јас вака го сфаќам тоа.
4. Вапсувај друг – лажи други, не мене.
5. Варен па печен – искусен, опитен човек.
6. Веда е во работата – во работата е многу вешт и брз.
7. Ведар човек – весел, спокоен човек.
8. Везе ли везе – зборува (пишува) брзо и убаво.
9. Вејка се сторил – се вели за човек што многу ослабнал за кратко време.
10. Вересија потресија – кој дава на кредит (или заем) лошо поминува.
11. Ветер во магла – нешто направено залудно, без ефект,
12. Ветар го вее – несериозен човек.
13. Ветар фати, ветар пушти – денгуби, работи бескорисно.
14. Ветришта – глупости.
15. Ветар работа – несериозна работа.
16. Ветува златни ридови – се вели за човек што ветува многу, а ретко што исполнува
17. Вземи пропадна – се засрами.
18. Виси во воздух – се вели за нешто што е неизвесно, не се знае исходот.
19. Виси на конец – се наоѓа во лоша состојба.
20. Витосај се – тргни се, мавни се, изгуби се.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден