во , ,

Дедо од Словенија стана интернет-сензација копирајќи го стилот на познатите

Еден 75-годишен Словенец, познат како Гремпс, е наречен „најмодерен дедо“ на интернет. И тоа со причина. Гремпс сака да носи модерна облека и често го копира изгледот на познатите личности. Најдобриот дел е тоа што овој дедо потоа позира во облеката исто како славните личности што му биле инспирација, а фотографиите ги објавува неговиот внук на „Инстаграм“.

Гремпс почнал да се облекува модерно во 2016/2017г., а неговиот внук тогаш започнал да го фотографира. На почетокот, тој не разбирал како функционираат социјалните мрежи, но по одредено време луѓето почнале да го препознаваат на улица и барале да се фотографираат со него, па тогаш сфатил дека е интернет-сензација.

Неговиот внук сега има над 1 милион следбеници на „Инстаграм“, а Гремпс дизајнира своја облека. Целото искуство уште повеќе ги зближило дедото и внукот.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 Парови за кои не е јасно како сѐ уште се во брак

7 Најчести митови за кафето во кои многумина веруваат, а не би требало