во

Денес се Божикни поклади: Утре започнуваат Божикните пости кои траат 40 дена

Денеска, православните верници ги одбележуваат Божикните поклади, денот кој го најавува почетокот на 40-дневниот Божикен пост, познат и како Филипов пост. Постот започнува на 28 ноември и завршува на 6 јануари, подготвувајќи ги верниците духовно и телесно за големиот празник Рождество Христово – Божик.

Значењето на Божикниот пост

Црквата го востановила постот како време за покајание, молитва и воздржание, со цел верниците да го дочекаат Божик со чисто срце, душа и тело. Ова е период на духовно прочистување, кога наместо материјални дарови, верниците му принесуваат на Бога искрена вера и желба за последување на Неговото учење.

Правила за постење

Во текот на Божикниот пост, верниците се воздржуваат од:

  • месо,
  • млечни производи (млеко, сирење, путер),
  • јајца.

Специфични правила за воздржание:

  • Понеделник, среда и петок:
    Храна без масло; не се дозволуваат риба и вино.
  • Вторник, четврток, сабота и недела:
    Храна со растително масло; рибата е дозволена на саботи и недели, како и на големи празници (освен во последните денови од постот).

Исклучоци:

Рибата е дозволена на празникот Воведение на Пресвета Богородица, како и на храмовите празници и деновите на големи светии, доколку тие се паднат во вторник или четврток. Ако празникот се падне во среда или петок, се дозволуваат само вино и масло.

Последните денови на постот

Од 2 до 6 јануари постот станува построг – во овие денови, дури и во сабота и недела, не е благословено да се консумира риба.

Божикниот пост – пат кон духовна подготовка

Овој период не е само воздржување од одредена храна, туку и време за молитва, милосрдие и внатрешно прочистување. Верниците се повикани да се посветат на духовни дела, приготвувајќи се за радосното празнување на Христовото раѓање.

Нека Божикниот пост донесе мир, радост и благослови во сите домови.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Темјан: Природно решение за прочистување на воздухот и зајакнување на здравјето

Среќен роденден, Сашко Коцев!