во

„Депресијата е болест на досадата“: Изјавата на Гоца Тржан предизвика бурни реакции на социјалните мрежи

Пејачката Гоца Тржан, која води своја ток-шоу емисија на една домашна телевизија, предизвика жестоки реакции на социјалните мрежи по нејзините контроверзни изјави за депресијата и анксиозноста. Темата на оваа епизода беше менталното здравје, но нејзиниот став не наиде на одобрување кај многумина, посебно поради сериозноста на овие состојби, кои одземаат многу животи годишно.

Една корисничка на Твитер сподели видео од емисијата и го изрази својот гнев:
„На Гоца Тржан и посакувам никогаш да не дознае како е да бидеш анксиозен, или да имаш член во семејството кој страда од депресија и како тоа влијае на сите нас. Но, би сакала да замолчи“, напиша таа.


Во емисијата, Гоца изјави дека депресијата е „болест на досада“, додавајќи: „Многу имаш време за размислување. Мојата покојна баба ќе речеше: ’Ниси гладен, тоа не е болест’.“

Еден од гостите во емисијата се спротивстави на нејзиниот став, но Гоца продолжи да ја брани својата гледна точка:
„Депресијата како болест се појави кога почнавме да добиваме чаробни апчиња за лекување на сè. Луѓето постојано бараат некој друг да ги исполни, што јас не го разбирам.“

Меѓутоа, нејзините коментари не останаа непротивречени. Клиничкиот психолог, Јелена Станивуковиќ, која исто така беше гостинка во емисијата, го критикуваше нејзиниот став:
„Не може вакво нешто да се помине. Депресијата и анксиозноста се сериозни состојби, а изјавите како овие се опасни. Постојат генетски и ситуациони фактори кои ги предизвикуваат овие болести, и тоа е докажано научно“, рече Станивуковиќ.

Корисниците на социјалните мрежи беа бесни на Гоца, обвинувајќи ја за неинформираност и непочитување на сериозноста на менталните болести. Многумина истакнаа дека самата Гоца во минатото изјавувала дека страдала од постпородилна депресија, што ја прави нејзината изјава уште понеразбирлива.

Коментарите на мрежите беа сурови: „Кога веќе зборува за депресија, нека сподели мислење и за ретки болести како неуробластом или хемолитички анемии“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Нејзината неинформираност за тежината на овие состојби е навистина шокантна.“

Иако Гоца Тржан е позната по своите отворени и понекогаш провокативни изјави, оваа епизода покажа дека теми како менталното здравје бараат многу посензитивен пристап.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Домот на Жика Тодоровиќ во Црна Гора со приватна плажа – рај скриен од светот

Денес го славиме најсветиот празник за жените: Се верува дека Богородица ги исполнува желбите со овие зборови!