Дали се смируваат страстите или се подготвува НЕШТО ГОЛЕМО?
– Разговаравме за следните чекори кон праведен и траен мир – наведе Јермак во соопштението.
– Разменивме и мислења за безбедносните прашања и усогласување на ставовите во рамките на билатералните односи меѓу Украина и Соединетите Држави. Закажавме состанок на нашите тимови во блиска иднина за да ја продолжиме оваа важна работа – додаде тој.
Се огласи и Зеленски
– Киев очекува позитивни вести од САД од следната недела – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во своето ноќно обраќање, Зеленски рече дека е постигнат „позитивен напредок“ во соработката со Вашингтон и дека очекува резултати следната недела – вклучително и иден состанок на двете страни.
АФП пренесува дека Володимир Зеленски ќе им се придружи на лидерите на ЕУ утре на самитот во Брисел, кој има за цел да ја зацврсти поддршката на блокот за Украина.
– Претседателот Зеленски лично ќе присуствува на самитот – изјави официјален претставник на ЕУ во пресрет на самитот кој ги собра сите 27 лидери првпат откако судирот на Зеленски во Белата куќа со Доналд Трамп ја намали поддршката на САД за Украина.
Да потсетиме, Зеленски вчера призна дека жали за расправијата со Доналд Трамп и Џеј Ди Венс во Овалниот кабинет и нагласи дека сака со поддршка од САД да оди напред кон мирно завршување на конфликтот.