во ,

Дрејк ги отвори вратите на неговиот луксузен дом во Торонто – мислењето на фановите е поделено

За мајското издание на Architectural Digest, Дрејк ги отвори вратите на неговиот дом во Торонто.

Уште веднаш станува очигледно дека пејачот вложил многу во оваа куќа, но додека некои фанови се воодушевени од ентериерот, дел од нив имаат само лоши зборови.

Дрејк, пак, навистина се потрудил околу неговиот дом и е навистина задоволен од резултатот.

„Бидејќи ја градев во мојот град, сакав структурата да стои цврсто 100 години. Сакав да изгледа монументално. Ова ќе биде едно од нештата што ќе ги оставам зад мене, па мораше да биде безвремена и издржлива“, вели пејачот за неговата куќа.

Дрејк го нарекува својот дом The Embassy (амбасадата), a куќата е дизајнирана од архитектот Ферис Рафаули. Самиот дизајнер го нарекол стилот на домот „модерен арт деко“.

За некои фанови, домот на Дрејк е најдобро дизајнираната куќа. Многумина се восхитени и тврдат дека останале без зборови.

Оние на кои не им се допаѓа дизајнот, дофрлија многу критики, но и шеги.

Според еден Twitter корисник, домот изгледал како куќа на 50-годишна сопруга на мафијаш, а многу тврдат дека Дрејк никогаш немал добар вкус.

Што мислите вие, вреди ли целиот труд на пејачот, или сепак има лош вкус?

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кратко и смешно стрипче на тема: „Убавината не е најважна во животот“

„Мајка ми ги бања производите во када“, „Мојата ги пегла парите“ – стравот од корона вирус раѓа разни идеи