Пожарот во Кочани однесе 59 животи. Остави длабоки рани кај младите кои преживеаја.
Преживеаните видоа страшни сцени. Тие ќе ги носат со себе цел живот.
Доктор Нико Беќаровски ги пренесува нивните потресни сведоштва.
Младите луѓе, иако спасени, ќе имаат трауми. Траумите никогаш нема да ги заборават.
РАНИ НА МЛАДИТЕ НЕДОЛЖНИ ДУШИ
На Универзитетската клиника за токсикологија хоспитализирани се дваесетина млади страдалници од хоророт кој го доживеаја во таканаречениот кабаре бар.
Од една страна среќни што сепак извлекле жива глава, задоволни што поминале со некоја полесна изгореница, сè уште со по некој гареж во нивните гради.
Но секој од нив има своја траорна приказна за ужасот кој го доживеале тие 10-30 минути.
Раскажуваат низ солзи, како преку нив газеле други деца бегајќи од пламените, како изнесувале на своите раце изгорени и јагленисени свои другари, како мирисот на изгорено човечко месо им ги парал ноздрите, како топлината им го горела ждрелото, како чучнати во вецето го чекале судниот момент и уште многу други лични трауми кои ги погодија овие прекрасни млади личности.
Тие раскажуваат, нас солзите сами нѝ навираат.
Ова се дваесетина индивидуални драми, но секој од тие петстотини невини фиданки, има своја приказна, своја лична траума. Драми кои не може да ги креира ниту Холивуд.
Физичките трауми ќе зараснат или ќе остават трајни физички дефекти, но душевните трауми уште долго или доживотно ќе бидат нивен следбеник.
Ноќните кошмари уште долги години ќе бидат нивен несакан ноќен придружник.
ЗОШТО ???
„За туѓи бели дворови,
копај си црни гробови“.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден