во ,

Еден човек од село отишол во градот на пазар. Си купил една гуска…

Еден човек од село отишол во градот на пазар. Си купил една гуска и си тргнал накај дома.

На враќање поминал низ центарот на градот и гледа – кино. Решил да види што е тоа, но на вратата не го пуштиле да влезе со гуската. Мислел човекот, размислувал, и ја скрил гуската во панталоните.

Го пуштиле во киното, влегол, филмот почнал, но гуската постојано мрдала и не му дозволувала да гледа. Му здосадило и и ја извадил главата преку патентот на панталоните. По неколку минути жената што седела до него се онесвестила.

Ја одвеле на доктор и докторот ја прашал:

– Што се случи?

– Си седам јас во киното, а до мене седи некој маж. Одеднаш тој го извади „алатот“, и јас се онесвестив.

– Е што толку? Нели си видела „алат“ друг пат?

– Секако дека сум видела, ама овој неговиот почна да ми јаде од пуканките.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Перо оде со ќерка му во Грција да купат нешто за матурска…

10 Најсмешни твитови по одлуката за промената на личните документи