во

Започнува UltiMATH: Најголемиот математички натпревар за средношколци со награда од 10.000 евра

Сите средношколци во Македонија кои сакаат да ги тестираат своите математички вештини имаат уникатна можност – започнува UltiMATH, најголемиот математички натпревар, со награда од 10.000 евра во кеш и целосна стипендија за студии на Brainster Next. Оваа иницијатива е организирана од „Brainster Next“ и NU College, со цел да ги инспирира младите кон успешна кариера во науката, технологијата и математиката.

UltiMATH ќе биде динамичен натпревар во неколку фази. Квалификациската рунда, која ќе се одржи онлајн до 26-ти ноември, е бесплатна за сите редовни средношколци од јавните и приватните училишта. Во квалификациите ќе учествуваат над 4.000 ученици, од кои најдобрите 350 ќе продолжат во финалните елиминациски рунди во Ист Гејт Мол, на 30 ноември и 1 декември.

„Целта е да покажеме дека математиката и науката имаат значајна вредност и можат да обезбедат успешна иднина. Во дигиталната ера во која живееме, вештините од природните науки и ИТ се неопходни,“ изјави Петар Ниновски, основач на Brainster и NU College.

Во финалето, учесниците ќе се соочат со задачи од напредна математика и логика, во натпревар со професионална организација и поддршка од искусни математичари. Заинтересираните ученици можат да се пријават и да дознаат повеќе на ultimath.mk.

Натпреварот е поддржан од бројни македонски училишта и компании, вклучувајќи ги East Gate Mall, Urban FM и МОФ.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трибјут концерт за легендата Гоце Арнаудов: Почит за „македонскиот Мик Џегер”

Американски политичар зборувал македонски пред „Тито да го измисли јазикот”: Откритие кое го демантира балканскиот наратив