Згодна надарена плавуша влегла во казино, извадила 10.000 евра и им рекла на мажите околу масата:
– Се надевам нема да ви пречи ако се соблечам гола; така имам повеќе среќа.
Мажите се согласиле, таа се соблекла, ги фрлила коцките и рекла:
– Ајде коцкички, ајде, ми требаат нови алишта!
Коцките паднале, плавушата почнала да скока од среќа и да ги гушка мажите околу себе:
– Погодок, погодок! Ви благодарам многу!
Девојката ги земала сите пари од масата, се облекла и си заминала.
Мажите гледале не можејќи да поверуваат во тоа што им се случило.
По некое време некој од нив прашал:
– А бе шо број ѝ падна на девојката?