во ,

Здраво душо, Трпе на телефон, јас сум во возот…

По долг напорен ден на работа една жена седнала во возот да се врати дома и уморна ги затворила очите…

Кога возот тргнал од станицата, млад човек кој седел до неа го извадил мобилниот телефон од џебот и почнал гласно да зборува.

„Здраво душо, Трпе на телефон, јас сум во возот…

Да, да, знам дека е возот во 7:30, а не во 4:30, но состанокот доцни…

Не, душо, не со таа плавуша од одделот за плаќања, со газдата.

Не, душо, ти си единствената во мојот живот. Да, навистина, се колнам“.

Петнаесет минути подоцна тој сè уште зборувал гласно и тогаш на жената што седела до него веќе и било доста.

Таа се наведнала кон него и рекла блиску до телефонот:

„Трпее, спушти го телефонот и врати се во кревет“.

На Трпе оттогаш не му текнало својот мобилен телефон да го користи во јавност…

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

С’г ли се доваѓа дома бе у 7 сабајле ! Куде беше до с’г!

Тие во огледалото на тебе, а овие на мене…