во

Ивона Талевска се враќа на ТВ: По „Сител“, ќе ја гледаме на нова телевизија

Познатата новинарка и уредничка Ивона Талевска, по 25 години успешна кариера на „Сител“, ја напушти телевизијата и се префрли на нов медиум. Таа соопшти дека наскоро ќе се појави на „ТВ Алфа“, каде што ќе продолжи да работи како уредник и водител.

„Од денес, по точно 25 години, не сум веќе дел од тимот на Сител. Наскоро се гледаме на ТВ Алфа, единствената македонска телевизија со европски капитал, со истиот ентузијазам и љубов кон својата публика,“ напиша Талевска на својот Фејсбук профил.

Според информациите, нејзината нова улога ќе биде уредник-водител на новата телевизија, каде што ќе продолжи да ги информира гледачите со својот препознатлив стил. Покрај нејзината новинарска кариера, Талевска е активна и како претседател на Македонската асоцијација на новинари (МАН).

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Лила си ја исполни желбата: Роденденско лето во октомври (фото)

„ПОСЛЕ ВАДЕЊЕ ЗАБ, ГНОЈОТ СЕ ПРОШИРИ ПО ВРАТОТ“: Се огласи стоматологот од ординацијата каде што почина девојчето, еве што порача!