Киев е подготвен да го прифати американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија.
Вашингтон за возврат ќе ја обнови размената на разузнавачки податоци и ќе ги укине ограничувањата во врска со помошта во областа на безбедноста, се наведува во заедничкото соопштение по завршувањето на првиот ден од преговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Украина во Саудиска Арабија.
„Украина изрази подготвеност да го прифати предлогот на САД за воведување итен, привремен прекин на огнот од 30 дена, кој може да се продолжи со заеднички договор на двете страни, а кој подлежи на прифаќање и истовремена примена од страна на Русија“, соопштија украински и американски официјални лица по разговорите.
Претседателот на Америка, Доналд Трамп, ја прекина помошта по катастрофалната средба со украинскиот колега Володимир Зеленски на 28 февруари.
Договорот за украинските минерали не беше предмет на разговори, но двете страни се согласија дека е потребно да се склучи „што е можно поскоро“.
Американскиот државен секретар Марко Рубио, клучен функционер за преговорите во саудискиот град Џеда, изјави за новинарите дека сега „топката е во рускиот двор“ и дека понудата за прекин на војната ќе биде доставена до Москва.
Тој додаде дека се надева дека Русите ќе се согласат на прекин на огнот, но ако не се согласат „ќе знаеме, за жал, што е пречката за мир овде“.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден