Кети Пери во историски лет во вселената со целосно женска екипа на Blue Origin, ракета на Џеф Безос.
Некој дефинитивно ги сфаќа стиховите на “E.T.” поблиску до вистината од кога било.
Во една неочекувана соработка, глобалната поп икона Кети Пери, ќе се приклучи на револуционерен лет во вселената, како дел од целосно женски тим, на ракетата “Blue Origin” на технолошкиот визионер Џеф Безос, некаде во текот на пролетта, како што известува ABC News.
Иако точниот датум на лансирање сеуште е под превезот на мистеријата, планираната “Lifetimes Tour” на Пери, со промоција на нејзиниот нов албум “143”, која започнува на 23 Април во Мексико Сити и трае до ноември, индицира дека оваа космополитска авантура би можела да се реализира во следните два месеци.
Покрај Пери, во леталото ќе бидат и Гејл Кинг, познато ТВ лице, како и Лорен Санчез, вереницата на Безос.
Санчез, според АБЦ, е заслужна за формирањето на овој историски тим, изјавувајќи дека е “почестена да предводи екипа од истражувачи на мисија која ќе ги промени нивните перспективи за нашата планета, ќе им овозможи да ги споделат нивните приказни и да остави трајно влијание на генерациите што доаѓаат.”
Ова е 11-ти лет на “Blue Origin” со човечки екипаж, и 31-ви вкупно, според Variety.
Пери, Кинг и Санчез ќе бидат дел од женски тим кој ги вклучува активистката Аманда Нгуен, филмската продуцентка Кериан Флин и ракетниот научник Аиша Боу.
Ова ќе биде првата целосно женска мисија во вселената од 1963 година, кога Валентина Терешкова леташе соло.
Патувањето ќе трае околу 10 минути и ќе достигне висина од 65 милји над Земјата, надминувајќи ја Кармановата линија.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден