во

Колумбиската ѕвезда од “Касандра” во Србија: Никогаш повторно нема да ја глумам таа улога!

Колумбиската актерка Кораима Торес, најпозната по својата улога како Касандра, моментално престојува во Србија, каде што снима сцени за српската серија „Игра судбине“. За време на нејзиниот престој, Кораима сподели интересни детали за снимањето, како и за нејзините впечатоци од земјата.

„Моето срце е преполно со љубов затоа што сум овде. Луѓето се неверојатно љубезни, полни со љубов и почит. Чувствувам како да сум дома. Продукцијата нè однесе во ресторан со жива музика, и тоа беше незаборавно,“ откри Кораима со насмевка.

Торес се чувствува како дома во Србија, особено благодарение на гостопримливоста на локалните жители. За прв пат пробала и традиционална ракија.

„Пробав медовача и навистина ми се допадна. Сè што вкусив беше одлично – месо, пилешко, салати, сирења. Јадам, јадам, јадам!“ раскажува таа низ смеа.

Ќе има ли римејк на „Касандра“?

Кога зборуваше за серијата „Касандра“, која ја направи светска ѕвезда, актерката се присети на снимањето и на блискоста со своите колеги. „Се сеќавам на љубовта и емоциите што ги делевме заедно. Повремено комуницираме, но ретко се гледаме,“ вели Кораима.

За жал, фановите на „Касандра“ нема да добијат римејк од култната серија. „Не, за жал не. Сценаристката на серијата почина, а правата ги имаат нејзините ќерки кои не дозволуваат римејк. Освен тоа, јас веќе не изгледам како порано – ја немам таа младост,“ открива актерката низ насмевка.

Србија и „Касандра“ – незаборавна врска

Колку „Касандра“ била популарна во Србија сведочи и тоа што локалните фанови напишале петиција за нејзиниот лик да биде ослободен од затвор во серијата. „Бев многу емотивна кога го дознав тоа. Како актер, најголемата награда е кога публиката верува во она што го правиш и живее со тебе,“ заклучи Торес, емотивно осврнувајќи се на уникатната врска со своите обожаватели.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пејачка во центар на скандал: „Никого не сум убила, земјата не може да ме проголта!“

Стара слика од Александра Пријовиќ ги запали социјалните мрежи!