во

КОЈ АНГЕЛ ВЕ ЧУВА? Секој хороскопски знак има свој заштитник

Ангелите можат да ни помогнат подобро да го разбереме нашиот астролошки знак и како тој влијае врз животниот пат. Тие се поврзани со нашите природни особини и карактери.

ОВЕН – Ангелот Камаел е заштитник на Овенот, носејќи му самодоверба и свесност. Овните се динамични, друштвени и полни со идеи. Имаат краток фитил, но брзо простуваат.

БИК – Ангелот Хагиел го штити Бикот, земјен знак кој ужива во удобноста и луксузот. Биковите се практични и животната лекција им е – трпение.

БЛИЗНАЦИ – Ангелот Рафаел, ангелот на исцелувањето, е чувар на Близнаците. Тие се интелигентни, љубопитни и секогаш жедни за знаење.

РАК – Ангелот Габриел го води Ракот. За нив емоциите се клучни, иако често се недоверливи во односите.

ЛАВ – Ангелот Михаил бдее над Лавот, кој е дарежлив и амбициозен. Сакаат да победуваат, но истовремено се лојални и внимателни кон блиските.

ДЕВИЦА – Ангелот Рафаел е исто така заштитник на Девицата, дарувајќи им аналитичност и ефикасност. Тие се дискретни и доверливи личности кои работат зад сцената.

ВАГА – Ангелот Хагиел ги штити Вагите. Тие се познати по својата дипломатија и потребата за хармонија. Логиката и интелектот им се силни страни, а комуникацијата е клучна за нив.

ШКОРПИЈА – Ангелот Азраел и Камаел владеат со Шкорпиите, кои имаат силна и интензивна личност. Тие се лојални и одговорни, секогаш длабоко посветени.

СТРЕЛЕЦ – Ангелот Задкиел ги води Стрелците. Тие се оптимисти, љубопитни и секогаш подготвени за авантура. Не сакаат да им се диктира што да прават.

ЈАРЕЦ – Ангелот Асариел бдее над Јарецот. Тие се претпазливи и одговорни, со силна желба за постигнување статус и почитување во општеството.

ВОДОЛИЈА – Ангелите Уриел и Касиел го чуваат Водолијата. Прогресивни и хумани, тие често можат да изгледаат студено, но работат за најголемото добро на човештвото.

РИБИ – Ангелите Асариел и Задкиел владеат со Рибите. Овие чувствителни и сочувствителни души се креативни, интуитивни и имагинавни, но понекогаш претерано чувствителни.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Влезници за концертите на Адел во Лас Вегас достигнуваат до 70.000 долари!

LinkedIn тајно ги користи вашите податоци за обука на AI – еве како да се заштитите