во

Лука Модриќ со поддршка за погодените од поплавите, натпреварот меѓу Валенсија и Реал под знак прашалник

Капитенот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, испрати порака на поддршка за жителите на Валенсија и околните провинции кои се соочуваат со последиците од катастрофалните поплави. Во својата порака, објавена на платформата X, Модриќ напиша: „Испраќам охрабрување и поддршка за сите луѓе во Валенсија и останатите региони погодени од оваа невреме.“

Поплавите во регионот на Валенсија досега однесоа над 50 животи, а бројот на жртвите може дополнително да се зголеми. Сцените од улиците преплавени со вода и автомобили што „пливаат“ низ градот ги потресоа не само граѓаните на Шпанија, туку и пошироката јавност.

Во светло на оваа трагедија, неизвесен е претстојниот натпревар меѓу Валенсија и Реал Мадрид кој е закажан за 2 ноември на стадионот Местаља. Шпанските медиуми известуваат дека натпреварот би можел да биде одложен, со оглед на вонредната состојба и сериозните штети во регионот.

Поддршка и солидарност пристигнуваат од сите страни, додека Валенсија и остатокот од Шпанија се обидуваат да се справат со оваа природна катастрофа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тажна приказна од Босна: Браќата Азур и Омер сонуваат повторно да ја видат мајка си и сестра си

Уличен тапанар во Лос Анџелес ја свирел „Otherside“ – без да знае дека го слуша Чед Смит од „Ред хот чили пеперс“!