Можете ли да поверувате дека мажите поминуваат повеќе време на лична хигиена отколку жените?
Сите веруваме во некои стереотипи за тоа кој повеќе време поминува во правење исти активности – мажите или жените, а истражувањата ги побиваат грешните верувања.
Според статистиките, направена е анализа и објавени се резултатите за тоа колку време поминуваат двата пола во правење на одредени активности.
Колку време им е потребно на мажите, а колку на жените за истите активности?
Лична хигиена
Иако досега верувавте дека жените поминуваат повеќе време на оваа активност, според статистиките, мажите поминуваат малку повеќе време во нега за себе.
Машката хигиена вклучува процедури како бричење, бањање, миење заби, миење коса, стилизирање и облекување, но сепак, шминкањето на жените не е земено предвид во оваа активност.
Време поминато на интернет
Покрај времето поминато на интернет за едукативни или професионални цели, останатото време е резервирано за забава. Па, иако жените поминуваат повеќе време од мажите на социјални мрежи, сепак времето кое мажите го поминуваат на интернет за игри и слични активности, го надминува целокупното седење на интернет во споредба со она на жените.
Зборување на телефон
Иако се смета дека жените се оние кои зборуваат многу повеќе, сепак разликата помеѓу мажите и жените на неделно ниво е само 1 час. Мажите исто како и жените сакаат да озборуваат и да си раскажуваат ситуации со пријателите преку телефон.
Јадење
Со оглед на тоа што жените повеќе се посветуваат на бирање храна и задоволството од јадењето, тие поминуваат многу повеќе време во јадење отколку мажите.
Рекреативни активности
Жените се повеќе посветени на одржување ред и чистота во домот, како и на децата, па немаат толку време како мажите да посветуваат на рекреативни активности и релаксација.
Домашни обврски
Како што споменавме претходно, жените се оние кои повеќе бараат ред и чистота во домот, па со тоа поминуваат и повеќе време од мажите во домашни обврски.
Спорт
Мажите сакаат да направат мускулна маса, за што им треба многу повеќе труд и повеќе време во напорен тренинг, за разлика од времето кое жените го поминуваат во тренинг за слабеење или одржување на формата.
Грижа за деца
Иако ова не значи дека мажите не поминуваат доволно време со децата, сепак, кога ќе се земат предвид активностите на мајката за време на породилното отсуство, доењето, хранењето, успивањето, подготвувањето храна, прошетките – жените поминуваат повеќе време со децата од мажите.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден