Православните христијани денеска го одбележуваат денот на Митровденската задушница, посветен на сеќавањето на нашите починати блиски. Оваа задушница секогаш се паѓа во саботата пред празникот на свети Димитриј (08 ноември) и претставува време кога верниците се собираат за молитва, помен и добри дела во име на упокоените.
На Митровденската задушница, традиционално се посетуваат гробиштата каде што се изведува помен со пченица, лепче и црвено вино, кои се осветуваат со молитва. Според обичајот, верниците делат милостина на сиромашните, молејќи се за мир и покој на душите на оние кои заминале од овој свет. Овој чин не е само израз на почит, туку и дел од грижата за духовното наследство.
Историјата на оваа задушница датира од XIV век и е поврзана со руската православна традиција. Првично, поменот бил наменет за православните војници кои го дале својот живот за верата и татковината, меѓу кои и монасите Александар Пересвјат и Ослабја, кои загинале во битката на Куликовското поле во 1380 година. Со текот на времето, поменот добил пошироко значење и Црквата одлучила на овој ден да се спомнуваат не само војниците, туку и сите починати.
Митровденската задушница, исто како и другите задушници, се смета за еден од најзначајните денови во православниот календар, кога верниците се повикуваат да се сетат на своите починати и да покажат љубов преку молитва и добри дела.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден