во ,

Мишел Обама проговори за гласините за афера на Барак со Џенифер Анистон: „Едвај го преживеавме тој период!“

„БЕВ СИГУРНА ДЕКА Е ПАМЕТЕН МАЖ, НО ТОА…“ Мишел Обама по гласините дека СОПРУГОТ ЈА ИЗНЕВЕРУВА СО ЏЕНИФЕР АНИСТОН – овој период едвај го преживеаја

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, гостуваше во подкастот „IMO“. Во разговор со својот брат, Крејг Робинсон, таа зборуваше за својот брак со Барак Обама. Тема беа и гласините дека сопругот ја изневерувал со актерката Џенифер Анистон. Таа откри детали за нивниот брак и за најтешкиот период кој едвај го преживеаја.

Реклама

Мишел Обама (61) нагласи дека Барак Обама (63) морал да коригира една своја навика. Тоа било потребно за да се усогласат. „Тој доста се промени во текот на 30 години брак, но мораше да се прилагоди“, рече таа.

Таа навика била доцнењето. Барак Обама имал обичај кога тргнувал со Мишел на некој настан, да оди во бања или да прави други работи. Поради тоа доцнеле, а таа НИКОГАШ НЕ ДОЦНИ. Морала често да го опоменува.

Нејзиниот брат (62) додаде дека причината за таа лежерност е хавајското потекло на Барак Обама. Потоа Мишел раскажа дека нејзините ќерки Малија (26) и Саша (23) знаат дека нивната мајка не сака да доцни. Затоа секогаш стигнуваат на време кога работат нешто заедно.

Огласувањето на Мишел Обама следеше по гласините дека таа се иселила од Вашингтон. Се зборуваше дека ѝ е доста од политичкиот циркус. Исто така, дека повеќе не сака да се преправа дека сè е во ред во нејзиниот брак. Извор тврди дека брачната двојка Обама никогаш не сакала да се прикаже како совршен пар. Се шушкаше дека нејзиниот сопруг имал афера со Џенифер Анистон.

Барак Обама се појави трипати во јавноста без сопругата за кратко време. Мишел не беше со него на погребот на поранешниот претседател на САД, Џими Картер, во јануари. Причината беше „продолжен годишен одмор“. Таа не се појави ниту на инаугурацијата на Доналд Трамп на 20 јануари во Вашингтон. Барак Обама дојде без сопругата, како единствен поранешен претседател на Америка без придружба.

Обама беше виден сам на вечера во главниот град на Америка. Инсајдер изјави дека Мишел отсуствувала од инаугурацијата бидејќи едноставно не го поддржува Трамп.

Во подкастот каде беа прикажани и семејни спомени, Мишел откри дека не би ги преживеала осумте години во Белата куќа без поддршката на својот брат. „Да се биде во брак со претседател на Соединетите Американски Држави… на тоа никој не сметаше. Знаевме дека е паметен и амбициозен, но, знаете…“, рече таа и нагласи дека братот ја наговорил да ја поддржи кандидатурата на својот сопруг.

Мишел Обама претходно зборуваше дека не е наклонета кон политиката. Многумина ја гледаат како прва жена која еден ден ќе стане претседател на Америка.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ОВА Е ВНУКАТА НА ТРАМП: Најскромната и најубавата во семејството

Пронајдено момче киднапирано во 2017 година: Вистината ги шокираше сите – за исчезнувањето одговорна најблиската личност