во ,

Младата Бојана Алексова со рекорден научен придонес за една година

Бојана Алексова е инспиративен млад научен истражувач и професор по географија од Македонија, која за само една година успеа да објави 10 научни труда, првенствено во престижни меѓународни списанија. Овој успех, обично редок дури и за многу поискусни научници, е резултат на нејзината посветеност кон истражувањето на природни катастрофи и климатските промени преку напредни технологии, како што се ГИС и далечинска детекција. Нејзината работа вклучува мултидисциплинарен пристап со примена на сателитски снимки, теренски податоци и дронови за анализа.

„Посебен предизвик ми е истражувањето на природните катастрофи, кои поради климатските промени се сè поважни“, изјавува Алексова. Таа додаде дека нејзиниот труд е посветен на унапредување на научните знаења за справување со природните непогоди и на заштита на геонаследството. Со објавени трудови во списанија како „Атмосфер“ и „Опен Геосајенс“, Бојана стана еден од најцитираните млади истражувачи во својата област според SCOPUS.

Непрепознаен успех во татковината, но голем во меѓународни рамки

И покрај тоа што Алексова е меѓународно призната, нејзиниот труд остана неоценет дома. „Иако имав одличен однос со студентите и резултати, не добив поддршка за продолжување на работата на Институтот за географија,“ открива Алексова. Ова искуство, вели таа, претставува реалност за многу млади истражувачи во Македонија, но истовремено и мотивација за нејзиниот понатамошен труд.

Во моментот, Алексова ги насочува своите истражувања кон развој на методологии за процена на загрозеност од ерозија и свлечишта, како и за заштита на геонаследството. Со својот труд успева да постигне резултати кои се од интерес не само за научната заедница, туку и за идните стратегии за управување со природни катастрофи. Таа исто така планира докторски студии и учество во меѓународни проекти.

Целта – поголема поддршка за научните заложби во Македонија

Алексова ја истакнува важноста на поддршка за науката во Македонија. „Ваквите заложби треба да се препознаат и поддржат во нашето општество, бидејќи во спротивно младите со потенцијал ќе си го бараат заслуженото место во странство,“ додава таа, истакнувајќи дека продолжува да работи на остварување на својата цел – унапредување на геонауките и заштита на природното наследство.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трагедија во Аргентина: Срушениот хотел „Дубровник“ изграден од хрватски иселеници

Како изгледаше детската соба во 80-тите: Носталгично патување низ култните трендови