во , , ,

Млада двојка се појавила во рајот. Мажот му рекол на Свети Петар…

Млада двојка се појавила во рајот. Мажот му рекол на Свети Петар:

– Ние двајцата многу се сакаме! Но во животот не успеавме да се венчаме! Можно ли е да ја завршиме таа работа тука?

Рајскиот клучар се насмеал:

– Зошто да не?… Тука е полно со свештеници!

И така, се случила свадбата! Но ете, по една година, мажот повторно се сретнал со Свети Петар:

– Многу ми е непријатно, но меѓу мене и мојата сопруга – работите не функционираат! Можеш ли да ми средиш развод?

Свети Петар се фатил за главата:

– Ти, добар ли си, бе? Каде во рајот да ти најдам адвокат?

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Еден човек наишол низ полето на еден овчар со куче, коњ и една овца…

Еден ден, компјутерот чувствувајќи се малку чудно, решил да отиде на доктор…