во

Момче (7) загина во поплавите во Америка, неговите последни зборови КИНАТ ДУША

Во катастрофалните поплави предизвикани од ураганот Хелена, 7-годишниот Мајка Драј загина во Северна Каролина. Неговите последни зборови, изговорени пред да биде однесен од силните води, предизвикаа тага и болка кај многумина.

„Исусе, спаси ме“, беа зборовите што ги изговорил малиот Мајка додека водата неуморно се издигала околу нивниот дом. Заедно со својата мајка, баба и дедо, тој побегнал на покривот на куќата во обид да се спаси од надојдените води.

За жал, силен воден бран ги однел Мајка и неговите баба и дедо, додека неговата мајка Меган успеала да преживее. Таа била заглавена три часа, заплеткана во корења и дрвја, пред спасувачите конечно да стигнат до неа.

„Мојот син постојано се молеше за помош“, изјави Меган, која немоќно гледала како водата ги носи нејзиниот син и нејзините родители. Телото на малиот Мајка било пронајдено во близина по неколку часови.

„Тагата ми е неопислива. Се чувствувам скршена“, со тага изјавила Меган, мајката која преживеа оваа голема трагедија.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Џуди Денч зборува за тагата по смртта на Меги Смит

Дарко Лазиќ доби ќерка: Сопругата Катарина го роди девојчето Срна