во ,

Мудрости од обични луѓе

Чиста совест е знак на лоша меморија. Ако мислите дека никој не се грижи за вас, пробајте да пропуштите неколку рати. Банка е место каде што ќе ви позајмат пари само ако докажете дека не ви требаат:

  • Не се расправај со идиот. Ќе те спушти на негово ниво и ќе те победи со искуството.
  • Политичарите и пелените имаат едно нешто заедничко. Треба да се менуваат редовно и тоа поради истата причина.
  • Сексот е како играње табланет. Ако немаш добар партнер, тогаш мораш да имаш добра рака.
  • Сексот не е одговорот. Сексот е прашањето. “Да” е одговорот.
  • Всушност, ние никогаш не пораснуваме, само учиме како да се однесуваме во јавност.
  • Мажите имаат две емоции: Гладен и напален. Ако го видиш без ерекција, направи му сендвич.
  • Го замолив Господ за велосипед, но знам дека Господ не работи така. Затоа, украдов велосипед и го замолив за прошка.
  • Жените можеби се способни да одглумат оргазам. Но, мажите можат да одглумат цела врска.
  • Знаење е знаењето дека доматот е овошје; мудрост е да не го ставиш во овошна салата.
  • Сакам да умрам мирно во сон, како дедо ми. Не, врискајќи како сопатникот во неговата кола.
  • Одењето во црква не те прави Христијанин, како што стоењето во гаража не те прави автомобил.
  • Последно нешто што сакам да го направам е да те повредам. Но, сепак е на листата.
  • Светлината патува побргу од звукот. Затоа некој луѓе изгледаат бистри сè додека не ги слушнеш како зборуваат.
  • Дете: Ги поминуваш првите 2 години од неговиот живот учејќи го да оди и да зборува. Потоа, ги поминуваш следните 16 години кажувајќи му да седне и да заќути.
  • Вестите се оние што започнуваат со “Добра вечер”, а потоа саат време ти објаснуваат зошто не е.
Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ознаки во јапонско метро

Добро утро , време е за доручок