во , , ,

Навики од времето на нашите баби и дедовци кои почнаа да ги прифаќаат сите што водат поздрав и поеколошки живот

Сè повеќе и повеќе луѓе стануваат свесни за проблемот со загадувањето, па менуваат многу животни навики со цел да го намалат отпадот што го прават. Истовремено, луѓето стануваат посвесни за своето здравје, па ги менуваат и навиките во начинот на исхрана.

Но, сте забележале ли дека повеќето од овие нови навики, се всушност работи што ги правеле нашите баби и дедовци?

На пример, постарите членови од вашето семејство сигурно користеле стара облека за чистење, наместо да купуваат крпи за тоа. Или, вашата баба сигурно правела, а можеби и уште прави зимница.

Погледнете кои се навиките на нашите баби и дедовци кои денес ги применуваат сите луѓе кои сакаат да живеат поздраво и со помалку отпад:

Купување со ваша торба

Во минатото немало кеси, па нашите баби и дедовци пазареле со свои торби, а со појавата на пластичните кеси, скоро сите ја заборавивме оваа навика. Но, сега е повеќе од очигледно колкава штета нанесуваат кесите од пластика.

Затоа, огромен број луѓе повторно им се вратија на торбите за пазарење.

Правење зимница

Правењето зимница, како скиселен зеленчук и ајвар, уште е „тренд“ кај нас, а изминативе неколку години се прослави низ многу други земји.

Зимницата е одличен начин да внесете повеќе зеленчук во организмот во зимските месеци, односно во периодот кога оваа храна е поскапа и со полош квалитет.

Преправање на старата облека наместо постојано купување нова

Денес најпопуларна е таканаречената брза мода што нè тера постојано да купуваме нова облека, која некогаш не ја ни облекуваме. А, бидејќи често ги менуваме парчињата, оние кои не ги носиме завршуваат во отпад и многу придонесуваат за загадувањето.

Нашите баби и дедовци, но и нашите родители, го немале луксузот секој месец да купуваат нешто ново, па неретко ја преправале облеката што веќе ја имаат.

Во последниве неколку години многу луѓе почнаа повторно да го прават ова, а онлајн можете да најдете милиони идеи за како да направите ново парче облека од нешто старо.

Одгледување зеленчук во домот

За да направите градина опремена со сè, ќе ви треба голем двор. Но дури и ако живеете во мал стан, сигурно ќе најдете место за неколку зеленчуци или зачини.

Во минатото во скоро секој дом имало по барем една саксија со зачин или зеленчук, а во последно време повторно се враќа овој тренд.

Бидејќи се чини дека сите обрнуваат повеќе внимание на исхраната и здравјето, доста популарни се продукти од органско потекло кои не се прскани. Токму поради ова, они кои имаат можност се обидуваа сами да одгледуваат дел од зеленчукот.

Користење стара облека за чистење

Сигурно барем една ваша стара маица била претворена во крпа за чистење. Порано, наместо да купуваат крпи за чистење, во скоро сите семејства се користеше стара облека што не ја носи никој. А, се чини ова е уште еден „тренд“ што почнуваат да го прифаќаат многу луѓе.

На овој начин нема да правите дополнителен отпад со крпите за бришење и максимално ќе ја искористите облеката што сте ја купиле.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 Докази дека работите во домот некогаш треба да им ги препуштите на професионалците

Градот на крадците: Неуморната банда поради која жителите во овој град живеат во „кафези“