Поради лажните обвинувања против фудбалерот на Милан, Тео Ернандез, познатата руска манекенка и ТВ лице Луиза Кремлева наскоро би можела да заврши во затвор.
View this post on Instagram
Оваа Русинка долги години живее меѓу Малага и Москва, а во 2017 година обвини познат француски фудбалер за сексуален напад и силување. Сега Луиза Кремљева ќе треба да се појави пред судот во Малага за клевета, а првото рочиште е закажано за 28 октомври. Не се знае дали Тео Ернандез лично ќе присуствува на судењето, ниту пак изјавата ќе ја даде преку видео врска од Милано.
Судот во Малага ја товари Русинката по член 11 од Кривичниот законик. Се започна со инцидент на паркингот на ноќниот клуб „Оливија Валере“ во Марбела во 2017 година. Тогаш Луиза Кремљева го обвини Тео Ернандез, тогаш фудбалер на Атлетико од Мадрид, дека прво ја дрогирал, а потоа сексуално ја злоставувал во неговиот автомобил Порше Кајен.
View this post on Instagram
– Властите многу сериозно ги сфатија тие обвинувања и започнаа детална истрага. Неколку месеци се вршеа распити и се собираа докази за да се утврди вистинитоста на обвинувањата. Меѓутоа, како што одминуваше истрагата, почнаа да се појавуваат сомнежи за вистинитоста на тврдењата на манекенката – пишуваат шпанските медиуми и продолжуваат:
View this post on Instagram
– Властите рекоа дека нашле доволно докази за да сугерираат дека тврдењето е лажно. Тоа ги наведе обвинителите да го обвинат моделот за симулирање на кривично дело. Заклучокот е дека моделот можеби ја измислила целата приказна за да привлече медиумско внимание и можеби финансиска добивка.
View this post on Instagram
Во обвинението се наведува дека Кремлева постапила „злонамерно“ обвинувајќи го Ернандез дека ја силувал затоа што одбил да си оди дома со неа откако имале секс во автомобилот. Потоа измислила дека фудбалерот ја турнал на автомобилот и дека го повредила коленото. Истрагата утврдила дека Русинката навистина го повредила коленото, но со паѓање пред ноќниот клуб, што го потврдиле бројни сведоци.
View this post on Instagram
На Луиза Кремљева и се заканува затворска казна од две години, доколку се докаже дека го клеветела Тео Ернандез. А на фудбалерот ќе треба да му плати 14.000 евра.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден