во

Неделен хороскоп (14-20 октомври): Рибите со нови можности, Лавовите предизвикани, среќа за Овните!

ОВЕН: две прекрасни вести!
Среќен ден: Среда!
Драг Овен, оваа недела ѕвездите се на ваша страна! Почнувајќи од понеделник, планетата Меркур повеќе нема да биде во опозиција со вашиот знак, што значи дека на работа ќе имате значително поедноставени околности. Во петок, пак, Венера ќе се врати со својата позитивна енергија и ќе ви донесе среќа во љубовниот живот.

БИК: Меркур во опозиција
Среќен ден: Петок!
Драг Бик, оваа недела Меркур влегува во опозиција, што може да донесе одредени предизвици на работното место. Меѓутоа, добрата вест е дека од петок Венера ќе ве поддржи на емотивен план. Се очекува подобрување во врската или можност за нови љубовни авантури за слободните.

БЛИЗНАЦИ: Венера во опозиција
Среќен ден: Недела!
Драги Близнаци, љубовниот живот би можел да се соочи со предизвици оваа недела, бидејќи Венера влегува во опозиција од петок. Можни се конфликти со партнерот или дилеми околу заедничките планови. На работа, сепак, Јупитер ќе ве поддржи и ви носи среќа и успех.

РАК: поволни транзити…
Среќен ден: Понеделник!
Драг Рак, оваа недела носи добри вести на работен план благодарение на поволниот транзит на Меркур, кој започнува во понеделник. Сепак, внимавајте на среда и четврток, кога е можно да се соочите со непредвидени ситуации кои ќе ве направат нервозни.

ЛАВ: добри и лоши вести…
Среќен ден: Недела!
Драг Лав, неделата носи мешавина од добри и лоши вести. Меркур, почнувајќи од понеделник, би можел да донесе тензии на работното место, но од петок Венера ви носи олеснување во љубовта. Ве очекува поголема хармонија со партнерот, па викендот ќе биде полн со позитивни емоции.

ДЕВИЦА: Меркур ќе се погрижи за вас!
Среќен ден: Сабота!
Драга Девица, оваа недела Меркур ви донесува поволности во професионалниот живот. Внимавајте само на понеделник и вторник, кога месечината во опозиција би можела да создаде стрес. Од петок Венера ќе ви зададе некои љубовни предизвици, па затоа бидете подготвени за потенцијални конфликти со партнерот.

ВАГА: довидување, Меркур!
Среќен ден: Недела!
Драга Вага, Меркур го напушта вашиот знак, но неговото позитивно влијание ќе се чувствува уште долго. На работа ви претстојат успеси и признанија, додека во среда и четврток можни се мали стресови. Од петок, Венера носи среќа во љубовта.

СКОРПИЈА: добредојде, Меркур!
Среќен ден: Понеделник!
Драга Шкорпија, оваа недела е одлична за вас! Меркур влегува во вашиот знак и ви носи нови можности на работа. Искористете ги последните денови на Венера во вашиот знак за да ги разрешите сите љубовни прашања што ве загрижуваат.

СТРЕЛЕЦ: добредојде Венера!
Среќен ден: Среда!
Драг Стрелец, од петок, Венера се вселува во вашиот знак и ви носи големи љубовни емоции. Ова е одлична недела за слободните Стрелци да запознаат некој посебен, додека оние во врска ќе доживеат обновена блискост со партнерот. Внимавајте на недела, кога Месечината во опозиција може да донесе нервоза.

ЈАРЕЦ: на половина пат!
Среќен ден: Понеделник!
Драг Јарец, иако првата половина на октомври беше тешка, сега ситуацијата се менува во ваша корист. Меркур во пријателскиот знак на Шкорпија ви носи позитивни вести на работното место. Иако Марс сè уште е во опозиција, наскоро ќе почувствувате олеснување од стресот што ве следеше.

ВОДОЛИЈА: Љубовни подвизи!
Среќен ден: Недела!
Драга Водолија, до петок Венера може да донесе напнатости во љубовниот живот, но од тогаш ситуацијата ќе се подобри. Доколку имате некои расправии со партнерот, одложете ги за викендот кога ќе биде полесно да најдете решение. На работа можни се мали грижи поради транзитот на Меркур.

РИБИ: вести на хоризонтот!
Среќен ден: Сабота!
Драги Риби, неделава носи позитивни вести на работа благодарение на Меркур. Во петок, сепак, Венера ќе ви сврти грб, што значи дека викендот може да биде тежок на љубовен план. Внимавајте на понеделник и вторник, кога месечината во опозиција ќе ве направи малку повеќе нервозни.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18-ГОДИШЕН НЕПАЛЕЦ СТАНА НАЈМЛАДИОТ ПЛАНИНАР КОЈ ГИ ИСКАЧИЛ СИТЕ ВРВОВИ ПОВИСОКИ ОД 8.000 МЕТР

Мислите дека Ѓоковиќ е за пензија? Погледнете го овој поен и размислете повторно!