во

Не одете кај бајачки – оваа моќна молитва носи мир и заштита

Во моменти кога животот ви носи предизвици, а тешките мисли не ви даваат мир, верниците препорачуваат искрена молитва како најсилен заштитник. Наместо да посетувате бајачки или да барате помош од шарлатани, овој едноставен молитвен чин може да ви донесе нова сила, мир и решенија за проблемите.

Молитвата „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилувај ме грешниот“ е најкратката, но и една од најмоќните молитви во христијанската традиција. Монасите и свештениците тврдат дека оваа молитва, ако се изговори со искрена вера, има способност да донесе мир и да ја исчисти секоја негативна енергија околу вас.

Верниците веруваат дека одењето кај бајачките е еден од сериозните гревови, и затоа го потсетуваат секој да се потпре на својата вера и да му се обрати на Бога кога чувствува потреба за утеха или поддршка. Нема прецизно време за молитва – молете се кога ви е најпотребно. Искрената молитва ќе ви даде нова енергија и ќе ве исполни со спокој, а со тоа негативните мисли и сомнежи полека ќе исчезнат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Среќен роденден, Зуица Лазова! Македонската фолк ѕвезда полни 50 години

Откриен древен град во оаза во Саудиска Арабија – стариот Ал Натах открива мистерии од пред 4.000 години