во

Новак Ѓоковиќ играше тенис на Кинескиот ѕид – и ги изненади сите со кинескиот јазик! (Видео)

Светски познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по пет години, повторно пристигна во Кина, каде следната недела го очекува учество на мастерс турнирот во Шангај. Ѓоковиќ отсекогаш ужива голема поддршка од навивачите во Кина, а неговото доаѓање беше поздравено со многу возбуда и насмевки. На аеродромот во Шангај, бројни обожаватели нетрпеливо го чекаа, со единствена желба – да го видат и повикаат неговото име.

Пред да заигра на терените во Шангај, Ѓоковиќ учествуваше на еден уникатен маркетинг настан организиран од неговиот долгогодишен спонзор „Лакост“. Во рамките на овој настан, тој одигра тениски меч на легендарниот Кинески ѕид, при што негов противник беше една девојка, а дури и дождот не го наруши спектаклот. Видеото од овој момент ја покажува неверојатната атмосфера и восхитот што го почувствуваа Кинезите, уште еднаш потврдувајќи ја нивната длабока почит кон Ѓоковиќ.

Но, тоа не беше сè. Освен што со своите спортски вештини ги воодушеви присутните, Ѓоковиќ ги изненади и со тоа што зборуваше на кинески јазик! Познато е дека Ноле е полиглот и секогаш се обидува да научи неколку зборови на јазикот на земјата што ја посетува, а со кинескиот јазик се запознава веќе неколку години. Овој пат, успеа да ги остави и навивачите, како и девојката со која играше, без зборови.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јаник Синер се огласи: Италијан во шок поради можната суспензија

ШОКАНТНА ВЕСТ! Почина еден од најдобрите кошаркари – НБА тагува!