Во саботата вечер, Арена „Борис Трајковски“ беше преполна со емоции, музика и незаборавна енергија – фановите од сите генерации уживаа во петчасовниот спектакл на „Скрим фестивал“. На сцената се вратија легендарните екс-ју бендови „Црвена јабука“, „Галија“ и „Прљаво казалиште“, чии хитови ја обединија публиката од најмладите до највозрасните фанови на добрата музика.
Први на сцената се појавија „Црвена јабука“, кои и покрај краткиот настап, ја разнежнија публиката со познатите мелодии. Со песни како „Има нешто од срца до срца“ и емотивната „Туго несреќо“, ја освоија арената, а на крај ја изведоа македонската верзија на „Ако умрам ил загинам“, пред да им го препуштат местото на наредниот бенд.
Следуваше „Галија“, која го крена духот на публиката со познатите хитови и препознатливата балканска рок-енергија. Еуфоријата кулминираше со „Додирни ме“, кога целиот простор одекнуваше од громогласен аплауз.
Кога на сцената се појавија „Прљаво казалиште“, веќе беше длабоко во ноќта, но тоа не ја намали енергијата на фановите. Со безвременските „Црно бјели свет“ и легендарната балада „Ту ноќ кад си се удавала“, арената стана ѕвездено небо, кога фановите ги запалија своите светилки и ја прегрнаа магијата на моментот. Крајот го обележаа со „Марина“, песна која ги обедини сите во еден глас.
Фестивалот уште еднаш покажа дека љубовта кон добрата музика и вечните хитови не знае за граници и години.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден