во ,

Оваа компанија ќе ви плати 34.000 eвра за да играте видеоигри цела година

Дали играте видеоигри? Ако играте, дали би сакале да ви платат околу 34.000 евра за целосно да се препуштите на вашето хоби/опсесија една година?

Оваа примамлива понуда ја нуди британската компанија ОПСИС, која создава системи. Компанијата бара гејмер за да го работи одделот за „Моќно корисничко искуство“.

ОПСИС е неодамна основана компанија за системи и бара некој да игра игри на својот компјутер, нудејќи му 34.000 евра за 12-месечната позиција.

– Наместо да му плаќаме на некој од рекламните агенции да ги промовира најсилните компјутери во светот, ние ви даваме 34.000 евра вам за да играте игри на нив – објаснува компанијата.

Самиот оглас ви дава идеја што бара компанијата:

– Само за зависници од игри. Инженерот за моќно корисничко искуство на ОПСИС не може да го помине цел ден барајќи што зборуваат гејмерите. Тој мора да знае. Така што, ако го знаете најдобриот начин да стигнете до лесна победа, вие сте вистинскиот за оваа работа.

Процесот на аплицирање вклучува објава на видео од 60 секунди на социјалните медиуми во кое кандидатите треба да објаснат зошто ја заслужуваат позицијата, користејќи го името на компанијата како хаштаг на „Твитер“ или на „Инстаграм“. Не е јасно што друго вклучува работата освен играње игри, иако се чини дека услов е промовирање на компанијата. Позицијата со полно работно време се изведува од далечина и не е наведено дека е отворена само за државјани на Велика Британија. Огласот завршува на 9 април, а завршното интервју се одржува на 12 април.

TУКА можете да дознаете нешто повеќе за работната позиција.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 Изуми кои потекнуваат од исламскиот свет

Еве како карикатуристите го одбележаа крајот на мандатот на Трамп