во ,

Оваа хипнотичка илузија го мами мозокот да гледа различни бои

Обожаваме добри оптички илузии, а оваа покажува колку нашиот мозок може да биде измамен кога станува збор за разликување на боите и колку се држиме до првичното верување што сме го виделе.

Создадена од јапонскиот професор по психологија Акијоши Китаока, сликата покажува шест квадрати кои се наоѓаат на правоаголник чија боја преминува од портокалова до жолта, од лево кон десно.

Ќе забележите дека квадратите од десно имаат потемна нијанса на портокалова од оние од лево. Но, вашиот мозок е измамен. Поставувањето на квадратите на бела позадина покажува дека нивната боја е иста.

Оптичката илузија функционира поради нашата тенденција да ја гледаме бојата и осветленоста на објектот во споредба со другите бои или осветлување што го покружуваат.

Китаока направи кратко видео, покажувајќи колку е моќна илузијата. На видеото тој поместува еден од обоените квадрати од лево кон десно преку правоаголникот. Се чини дека квадратот ја менува бојата и осветленоста додека се движи низ позадината.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

25 Луѓе кои дефинитивно имаат полош ден од вашиот

11 Пати кога луѓето непланирано се камуфлирале во околината