Помалку познатиот италијански град е прогласен за најдоброто европско туристичко место со бесплатни атракции.
Цените за одмор, а особено авионските карти и хотели, се зголемиле во цел свет, а кога на тоа ќе се додадат картите за туристичките атракции ќе ви биде потребна голема сума на пари за едно патување.
Меѓутоа, новото истражување на компанијата „John Levis Finane“ пронашло 10 европски градови со најмногу бесплатни атракции.
Тие прегледале илјадници најдобро оценети и бесплатни „TripAdvisor“ атракции ширум Европа, а студијата утврдила дека Асизи во Италија е најдобриот град во Европа за бесплатни туристички атракции.
Асизи се наоѓа во средишна Италија, а е шести град по големина во округот Перуџа во рамките на италијанската покраина Умбрија.
Тоа е популарно место на раѓање на свети Фрањо Асишки, еден од најголемите светци на римокатоличката црква, а црквата посветена е на него во овој град и се наоѓа на листата на УНЕСКО.
Некои од бесплатните работи кои треба да ги видите во овој град секако се бројните цркви и катедрали како што се споменатата црква на св. Фрањо Асишки, градската катедрала посветена на св. Руфини и други.
Доколку тоа не ви е привлечно, може да ги посетите и бесплатните музеи или уметнички галерии.
Во Асизи во Италија има најголем број на оценети бесплатни атракции по глава на жител, со 21 опција за истражување во област со популацијата од нешто помалку од 28.000 луѓе.
Веднаш зад овој град на листата се нашле, Дубровник, Ханија во Грција, Фиренца, Венеција, Родос, Брисел и Порто.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден