Онкологот д-р Илона Сушац открива дека емоционалната траума, начинот на живот и генетските фактори се меѓу главните предизвикувачи на рак. Според нејзиното 20-годишно искуство, особено со жени со рак на дојка, силниот стрес и нерешените емоции играат клучна улога во развојот на оваа болест.
„Кај многу пациенти забележувам длабока емоционална траума, која не само што го ослабува телото, туку и целокупното здравје на личноста и семејството. Многу е важно да се лекува и духот, и телото, и семејството заедно,“ истакнува д-р Сушац.
Таа, исто така, ја посочува улогата на исхраната, вклучително и ризиците од преработената храна богата со пестициди и ендокрини пореметувачи, супстанции кои влијаат врз хормоните. Овие хемикалии можат да ја нарушат природната функција на телото, предизвикувајќи неконтролирана клеточна трансформација, што особено е значајно за хормонски зависните видови рак, како што е ракот на дојка.
Случаите на рак, според неа, се појавуваат на сè помлада возраст. Најмладата пациентка со рак на дојка, која ја лекувала, имала само 19 години. „Зголемениот број на прегледи придонесува за порано откривање на болеста, но честотата на ракот расте и поради современиот, брз начин на живот и исхраната богата со преработени состојки,“ објаснува таа.
Д-р Сушац советува редовни прегледи, посебно ултразвучни прегледи на дојките за жените над 30 години, за рано откривање на можни промени. Таа истакнува дека превенцијата е важна не само во поглед на физичките аспекти, туку и на емоционалната состојба и начинот на справување со стресот.
„Секоја емоција оставa трага на нашето здравје, па затоа треба да научиме како да ги изразуваме и решаваме. Духовната стабилност е клучен елемент во одржувањето на целокупното здравје,“ заклучува д-р Сушац.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден