во , ,

„Остров на долговечноста“: Тајна поради која луѓето таму живеат и по 100 години

Многумина веруваат дека икигаи е тајната на нивниот плоден и среќен живот кој што често трае и повеќе од 100 години.

Островот Окинава во Јапонија го носи прехарот „остров на долговечноста“. Тоа не е ниту чудно со оглед на тоа што тамошните жители во просек живеат и по 100 години, а севкупно меѓу населението забележани се помалку срцеви удари и помалку тумори, проблеми со помнењето.

Многумина веруваат дека икигаи е тајната на нивната плодност и среќен живот. Инаку, икигаи се преведува како „причина за постоење и страст во животот“.

Станува збор за специфична цел која што поединци ги мотивира да станат од својот кревет наутро и да се радуваат на секој нов ден.

Окинава е посебен затоа што поттикнува создавање блиски врски помеѓу самото население. Повеќето од нив се придружуваат на една или пак повеќе групи наречени „моаи“ кои што се темелат на пријателство, заеднички интереси или пак бизнис причини. Неретко членовите на моаи даваат паричен допринос на останатите членови на кои што им е неопходна финансиска помош.

Долговечноста на луѓето кои што живеат таму исто така може да се препише и на нивната здрава исхрана.

Во книгата „Икигаи: Јапонската тајна за долг и среќен живот“ од авторот Хектор Гарсиа и Франческ Миралес се истакнува дека луѓето на островот јадат храна која што се темели на овошје и зеленчук и храна богата со антиоксиданси и редовно се занимаваат со полесна физичка активност.

Жителите таму јадат во мали чинии, не веруваат во прејадување и внесуваат храна додека не се почувствуваат околу 80 отсто сити. Важно е да се напомене и дека консумираат третина шеќер од јапонскиот просек што ги прави многу поздрави и посреќни.

Тие живеат во состав на природата, опкружени со луѓе кои што ги сакаат и остануваат активни и во поодминати години од својот живот.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 Идеи за декорација на уникатни новогодишни колачиња и рецепт за крцкаво тесто

8 Поранешни затвори кои денес служат како удобни и луксузни хотели