во

Панчо од ДНК откажа номинацијата за „Маж на годината“ со доза хумор

Македонскиот музичар Владимир Блажев, попознат како Панчо од дуото ДНК, со стил и доза хумор објасни зошто се повлекува од номинацијата за „Маж на годината“. На својот официјален профил, тој истакна три главни причини за оваа одлука, откако дознал за номинацијата од блиска пријателка.

„Не знаев дека сум номиниран, но ќе си ја откажам номинацијата поради три причини,“ пишува Панчо и додава:

  1. „Јас не живеам во Северна, туку во МАКЕДОНИЈА и поради тоа би сакал доброволно да се откажам од учеството.“
  2. „Мислам дека не сум заслужил да бидам помеѓу овие номинирани величини.“
  3. „Со мојата висина од 168 см, повеќе припаѓам на категоријата мажиња.“

Номинацијата за „Маж на годината“ е организирана за да ги истакне успесите на јавните личности, а покрај Панчо, дел од номинираните се и Никола Ристановски, Боби Милевски, Стојанче Ангелов и други познати имиња.

Фановите го поздравија неговото искрено и хумористично објаснување, а некои дури го предложија како кандидат за титулата „Мажиште со најголема самокритика“.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како да препознаете враќање на километражата на половен автомобил?

По 10 години брак, Џесика Симпсон и Ерик Џонсон на раб на развод?