Зад седум мориња, седум езера, седум реки, седум планини, седум ридови, седум долини, седум извори живеел еден змеј. Едно сабајле се разбудил и си рекол:
– Па кај живеам јас у пи*ку матер!?
И ни пет ни шес ни седум ни осум летнал. И летал, летал, летал и слетал на некое место, џенем некаде. И си седнал на еден камен. Едно време поминал лавот.
– Што си бе ти?
– Како шо сум бе!? Па јас сум лав бе, цар сум!
– Ех царе царе говедаре, утре овде во 12:00 ќе дојдиш, ќе те јадам! Има нешто да прашаш, нешто нејасно!?
– Не, нема. -Исплашено подголтнувајќи рекол лавот.
По 2 минути и 17 секунди поминал волкот.
– Шо си бе ти!?
– Волк сум бе. Бељаџија голем сум јас!
– Си жими Марко, туку да се нацрташ утре во 12:00 точно на ова место!- и плукнал змејот оган еден куп. Да не имаш нешто да прашаш, нешто нејасно!?
– Не, ништо. – рекол волко и опашката в газ, да го нема.
По неколку минути поминала лисицата.
– Шо си ти бе!? – се оџврлил змејот.
– Ами јас сум лисица. Умна сум ептен и сите ме фалат. Еднаш му бев гостинка на Боки 13…
– Абе немој многу да јадиш трици, утре овде во 12:00 да дојдиш, ќе те јадам! – и нормално оганче низ уста змејо. Да не има нешто да прашаш?
– Не, ќе дојдам. – Со плачење рекла лисицата и си заминала.
И седи така змејо и едно време му се здосадило па зел на плејстејшн да игра. Отепал една партија на тејкен и гледа се мота некој зад него.
– Шо си бе ти!?
– Ами носорог сум, да не си ќор! Не гледаш шо имам на носо?
– Абе немој многу да се чаталиш, туку утре во 12:00 да се нацрташ овде, ќе те јадам! Има нешто нејасно, нешто да прашаш!? – Плукајќи оган прашал змејо.
– Не, ништо! – Процвикал носорого и гас преку нос му ја здувнал.
Таман змејо ја почнал втората партија на тејкено, ете ти го слонот.
– Шо си бе ти!?
– Абе слон сум јас бе, не си слушнал досега? Сурла на главата, слонова коска…
– Абе друго си реков дека ти е то на главата, ама нема везе. Утре во 12:00 овде да те видам! Ќе те јадам! Јасно!? Да не имаш нешто да прашаш!?
– Не господине! Ќе дојдам ич око да не ти трепнува. – рекол слоно и се џембосал.
И продолжил змејо на плејстејшн да игра, ама сеа на нид фор спид мост вантед играл. И таман да ја помини стазата се акнало нешто во него.
– Шо се буткаш бе море!? Шо си ти?
– Јас мечка сум море никаков, ушло еден! Еве мед барам.
– На кој бе ти ушло, дебел еден. Утре има да те јадам. Во 12:00 да се нацрташ овде! Јасно?! Да не имаш нешто да ме прашаш!?
– Не, шо ќе прашам, глуп сум јас, ама ќе дојдам утре. – Исплашено одговорил мечокот.
Зел змејо биљард да игра. И како шо играл, некое животинче се бапнало на масата и дирек во црната топка и во средна му завршило.
– Шо си бе ти?
– Зајак сум јас. Бегам, ај со здравје!
– Шо бе со здравје, враќај се ваму!
– Ај кажвај побрзо оти треба да бегам, зелки крадев, па да не ме фатат…
– Абе седи тука ко си со мене… него утре во 12:00 овде да се нацрташ, ќе те јадам. Има нешто нејасно, нешто да прашаш?
– Има!
– Е шо не ти е јасно!?
– Можи утре во 12:00 да не дојдам?
– Можи бе, нема проблем!
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден