во , ,

Пијан Турчин заедно со спасувачки тим се барал самиот себе

50 годишен маж од Турција се нашол во бизарна ситуација да се бара сам себе откако неговото исчезнување го пријавиле пријателите.

Турскиот државјанин, Бејхан Мутлу исчезнал од руралната населба Кајака недалеку од градот Инегол откако испил неколку чаши алкохол со пријателите. Тој залутал во шумата во пијана состојба, а кога не се вратил неговите пријатели ја информирале полицијата.

Потрагата ја започнале, а откако почнале да го довикуваат по името, следувал шок бидејќи мажот кој го барале бил цело време со нив. Мутлу наводно беше дел од операцијата за потрага бидејќи сметал дека полицијата бара некој друг, а не него.

Кога го слушнал своето име, прашал кого го бараат, а потоа ноншалантно рекол “овде сум”.

Турскиот магазин Вазијет објавил и фотографија од Бејхан и членовите на спасувачкиот тим.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Велосипедист прерано го славел првото место, па набрзо зажалил

Платиле 2.000 евра за вечера во ресторанот на славниот готвач: Луѓето во шок поради цените кај Нусрет!