Легендарниот Пласидо Доминго, еден од најголемите тенори на денешницата, ќе одржи концерт во Скопје на 14 март 2025 година. Бидете дел од овој историски настан!”
Пласидо Доминго, опера, концерт, Скопје, Марија Хозе Сири, Жорди Бернасер, Македонска опера и балет, арена Борис Трајковски, класична музика”
На 14 март 2025 година, Скопје ќе биде домаќин на еден од најголемите оперски настани во годината! Легендарниот Пласидо Доминго, тенор и диригент од светска класа, ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“.
Со него ќе настапат и Марија Хозе Сири, една од водечките сопрани во светот, како и оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентство на Жорди Бернасер од Шпанија.
Овој концерт е историска шанса за позиционирање на нашата држава на светската културна сцена, нагласи директорот на Македонската опера и балет, Оливер Арсовски.
Маестро Доминго има кариера која трае повеќе од 50 години и е заслужен дел од светската оперска уметност. Има над 150 солистички улоги, над 4.400 настапи и над 600 настапи како диригент. Освојувач е на 12 „Греми“ награди и е едно од најпочитуваните имиња во класичната музика.
Марија Хозе Сири е драмски сопран број еден во светот, со над 150 настапи. Во 2010 година настапи на Мајските оперски вечери во Македонија.
Концертот ќе има два дела. Во првиот дел ќе бидат изведени дела од италијанската музичка литература, а во вториот дел ќе бидеме сведоци на шпанското музичко творештво и арии од оперетите на Штраус и Лехар.
Билетите се достапни во продажба повеќе од три месеци и се продаваат и во соседните земји, со цена од 2.000 до 5.000 денари.